Селекцијата на Данска ги сведе на теорија пласманот на “црвената фурија“ во полуфиналето.
 
Најпривлечниот натпревар од второто коло во М1 групата во Охрид им припадна на Данките кои со подбра игра во вториот дел ја поразија Шпанија, правејќи им услуга на соседите , Норвешка.

Селекцијата на Норвешка е едноставно најдобра на ова ЕП и нема потреба од услуги – рече на прес конференцијата по мечот данскиот селектор. Задоволен сум што ние им помогнавме да обезбедат пласман во полуфиналето.

Откако беа изненадени во мечот со Шпанија, репрезентацијата на Романија го совлада аутсајдерот Украина.

Како одминува времето така Норвежанките ја оправдуваат фаворитската улога на првенството. Нивна жртва на патот кон златото беше Унгарија.

Романија– Украина 40-32
Унгарија – Норвешка 20-34
Данска – Шпанија 26-23

Табела :
1 Норвешка  7
2 Романија 6
3 Шпанија   4
4 Унгарија 3
5 Данска 3
6 Украина 1

3 коло
16:15 Унгарија – Шпанија
18:15 Данска – Украина
20:15 Романија – Норвешка

М.П.