Без голови и без победник заврши мечот меѓу Белорусија и Македонија во последната рунда од квалификациите за Европското првенство во Франција следната година.
За разлика од минатите натпревари, „црвено жолтите“ против белорусите одиграа далеку поквалитетно и похрабро што резултатираше со неколку прилики за погодок.
Свои шанси имааа и домаќините, но конструкцијата од голот ја спаси Македонија од негатива на средината од вториот дел.
Репрезентативците одиграа квалификации за заборав претрпувајќи дури осум порази во десет натпревари, а ниту бодот од Белорусија не и помогна на селекцијата да го избегне фенерот.
Пред македонската репрезентација во групата се пласираше Луксембург, а Шпанија и Словачка обезбедија директен пласман на континенталниот собир во Франција додека билет Украина ќе бара преку баражот.
Резултати : Белорусија – Македонија 0-0, Луксембург – Словачка 2-4, Украина – Шпанија 0-1.
Табела : Шпанија 27, Словачка 22, Украина 19, Белорусија 11, Луксембург 4, Македонија 4.
Мх.П.