Не би било паметно за гледачите на европското првенство пред последниот судиски свиреж да ги напуштат своите места. Потврда за оваа констатација е голот на Давид Виља во судиското надополнување.

Победничкиот погодок на Виља е седми гол во 16 натпревари кој бил постигнат во судиското надополнување.

Ваквиот тренд го започна  Португалецот Раул Маирлес со голот во 93 минута во победата над Турција со 2-0.

Головите на Цес Фабрегас (Шпанија – Русија) и Весли Снајдер (Холандија – Франција) ви доаѓаат како цреша на врвот на тортата.

Ноќна мора за швајцарицте е Арда Туран кој контрата во 92ж ја круниса со погодок кој значеше, крај за ко- домаќинот.

На другата страна на Ернест Хапел стадионот, Австријците го славеа Иваца Вастич кој со голот од пенал во 93 минута им ги продолжи надежите за пласман во понатамошната фаза.
 
Серијата барем по натпреварите во првото коло ја затвараме со уште еден Португалец. Голот на Рикадрдо Кварезма во 91` на ,мечот со Чешка значеше дека чешите не може да рачунаат на реми кое би им донело пласман во ¼ финалето на мечот со Турција.
 
Пет од седумте погодоци постигнати во надоплнувањето ги постигнаа селкциите кои го играат најдопадливииот фудбал, Холандија, Португалија и Шпанија. Четири гола од овие седум ги примиле екипи кои биле во негатива.

Не заборавајте фудбалот се игра до последниот судиски свиреж! !

М.Постоловски