Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз 1-0 од Украина во третата рунда од квалификациите за континенталниот собир во Франција за две години.

Украинската селекција до победата стигна со погодок во судиското продолжение, кога Сидорчук најдобро се снајде во мешаницата од фудбалери.


За „црвено жолтите“ ова е втор пораз во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година.

Мх.П.