Македонската репрезентација ги оствари скромните амбиции, пласман во главната фаза на ЕП. По овај триумф ќе пораснат апетитите како на репрезентативките така и на целата јавност.

Видно возбудени со озарени лица беа  нашите ракометарки по големиот триумф.

– Многу сум среќна,го дадовме максимумот. сакам да и се заблагодарам на публиката која не понесе во моментите на слабост – рече Јулија Портјанко.

За најдобра на теренот беше прогласен голманката Тања Андреева која на 17 пати успешно интервенираше при ударите на српските репрезентативки.
 
Победи екипата, а публиката беше наш осми играч. За нас секогаш се  предизвик ваквите натпревари.

Србинката со македонски пасош Драгица Кресоја имаше блескави моменти во средината на мечот. За неа победата е резултат на вербата во сопствените клваитете.

Очекував победа, верував во себе и во моите соиграчки. Гледам одлична можност пред нас и ние не се предаваме против кого и да играме.


Наредниот натпревар Македонија го игра во понеделник.

М.П.