Македонската фудбалска репрезентација натпреварот против Шпанија во квалификациите за Европското првенство во Франција ќе го одигра во Валенсија.
Но, „црвената фурија“ нема да биде домаќин на Месталја туку на стадионот од Леванте, „Сиудад де Валенсија“ пренесува „Спортмедиа“.
Натпреварот кој е прв од квалификациите за ЕП воедно ќе биде прв официјален и за новиот селектор на „рисовите“ Бошко Ѓуровски. Мечот е закажан за осми септември оваа година.
Мх.П