Македонските ватерполисти ремизираа 9 : 9 против Русија во третото коло од ЕП во Малага, Шпанија.

Ремито против Русија е голем резултат, но останува болката бидејќи во текот на целиот меч бевме за нијанса подобри ,а во последната 1/4 водевме 9:8.

Селекторт Љубо Мечкич по натпреварот рече дека Македонија не освои бод, него загуби два.

По три одиграни кола на табелата во Б групата води Србија со 7 бода, Италија има 6, Македонија 4, Германија 3 , додека Романија и Русија по еден. Третото коло ќе го комплетираат во вечерниот термин  Италија и Германија

Наредниот натпревар црвено-жолтите ќе го играат утре против Италија во 12 часот и 30 минути.

М.П.