Убедливи победи на фаворитите во Б групата во првата рунда од Европскиот шампионат во Охрид. Македонија го совлада Гиблартар, додека Австрија немаше проблеми со Велс. Во втората рунда ове две селекции меѓу себе ќе одлучат кој ќе се пласира на првото место во групата и ќе ја има“пол“ позицијата во полуфиналето.

– Искрено задоволна сум само од првиот дел, додека одигравме
катастрофално лошо второ полувреме. Апсолутно недозволиво е такво
издание на домашен терен од она што го одиграа девојките во вториот
полчас. Следуваше тотално опуштање, кое нашите противници не го
искористија, но доколку се работи за посилна репрезентација тоа ќе беше
казниво. Не очекува меч со Австрија во кој мораме психолоши да влеземе подготвени дека ќе биде тоа 40 минути
неизвесна борба – рече потенцираше Милкова.

Македонија на овој шампионат игра ослабена со неиграњето на Јелена Антиќ која поради повреда го откажа настапот. Селекторот на Австријките го има комплетниот состав на располгање и според него го очекува тежок натпревар.

– Игравме одлично во одбраната, и доста често го исфрливме од ритам нивниот напад. Мечот со македонскиот тим ќе биде сосема спротивен, тие имаат добри шутери , но исто така имаат и играчи кои знаат да ја спуштат топката во рекетот и очекувам тежок меч за нас. Наша цел на овој шампионат е да играме во финалето и да се бориме за медал – истакна тренерот на австрискиот тим, Мајк Крес.

 Мечот Македонија – Австрија се игра во вечерниот термин во 21 часот.