Избраничките на Ѓоровиќ бркаа негатива во текот на поголемиот дел од мечот, а во еден момент беа и на минус 22. Во последниот период успеаа не само да ја анулираат предноста, туку и да преминат во предност, но немаа сили да го зачуваат водството.
Александра Стојановска беше најефикасна во нашиот состав со 22 реализирани поени на кои додаде и 14 скокови.
Во наредното коло Македонија ќе игра против Летонија, мечот е закажан за сабота од 20.30 часот во салата „Парк“ во Струмица