Македонската кошаркарска експедиција за сомнителниот пораз од Црна Гора поднесе жалба до ФИБА. Имено, при последниот напад еден од кошаркарите на Црна Гора ја допре мрежичката додека топката играше на обрачот.


Еден од судиите покажа поени за Македонија кои ќе значеа победа додека Италијанецот, кој беше главен судија ги поништи и додели топка за црнгорците.

ФИБА и да ја прифати жалбата нема да го пониништи мечот, но ќе биде мала утеха за Македонија, која во многу наврати го одбра потешкиот пат кон успехот.

Фото : „Мкд.мк“
Мх.П.