Македонската ракометна репрезентација до 20 години ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство во Австрија декласирајќи ја селекцијата на Грција со 31-22.

Од самиот почеток па се до крајот на натпреварот на теренот во „Кале“ постоеше само една селекцијата, а тоа беше Македонија и сосема заслужено ги освои трите бодови.

На голот брилираше Филип Иваноски, кој имаше 13 успешни интервенции. Мартин Манасков и Филип Талевски со пет односно седум погодоци беа најефикасни во македонската селекција.

Со победа или бод против Исланд во последниот натпревар од квалификациите македонската репрезентација ќе обезбеди пласман на ЕП.

Мх.П.