Репрезентацијата на Македонија, денеска, ќе замине од романската престолнина Букурешт и ќе се пресели холандскиот град Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.

Во Букурешт и на Националната арена резултатски „црвено жолтите“ не поминаа добро, бидејќи претрпеа два порази во исто толку мечеви, но секако ќе останат врежани во македонската фудбалска историја како место каде што дебитираа на големата европска сцена.

На „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, Македонија, силите ќе ги одмери со лидерот во групата Холандија. „Лалињата“ играат перфектно во групната фаза и дуелот со Македонија ќе послужи како финално загревање за нокаут мечевите.

Селекторот Ангеловски се очекува да направи некои одредени ротации во составот, затоа што Македонија нема шанси за пласман во топ 16 и ќе биде добро магијата од ЕП да ја почувствуваат репрезентативците, кои не добија до сега шанса.

Натпрварот се игра в понеделник во 18 часот.

OhridNews