Селекцијата на Македонија го претрпе третиот пораз во квалификациите за Европското првенство следната година, откако изгуби 2-0 (0-0) од Полска на Националниот стадион во Варшава.

„Црвено жолтите“, во последните две рунди од квалификацискиот циклус имаат само теоретски шанси за пласман на втората позиција на табелата, бидејќи Австрија победи со минимални 1-0 во Словенија и се одлепи пет бодови. Патот низ квалификациите беше втора и не толку голема шанса за пласман на ЕП, бидејќи Македонија вистинска шанса ја има преку Лигата на Нации. Во една од групите во четвртиот шешир Македонија триумфираше и ќе игра со Косово во 1/2 финалето.

На Македонија и успеа планот во првото полувреме да го зачува почетниот резултатот и со евентуална контра во вториот дел да го загрози противничкиот гол. Полјаците повеќе од 70 минути немаа одговор за македонскиот план. Од рака тоа му појде на Франковски, кој со првиот допир на топката откако влезе во игра го совлада Димитриески и донесе водство за Полска. После примениот погодок, Македонија се отвори а домаќините со нов овој пат евро гол на Милик зголемија на 2-0. До крајот немаше шанси за нов погодок и резултатот остана 2-0 во корист на домаќините.

Во следната рунда, фудбалерите на Македонија ќе се сретне со Австрија во Виена.

OhridNews