Македонската ракометна репрезентација одма профитираше од првото место во квалификациите за континенталниот собир кој ќе се одржи од 9 до 26 јануари во Австрија, Норвешка и Шведска. „Црвено жолтите“ поради првото место во групата се најдоа во вториот шешир и автоматски ги избегнаа домаќинот Норвешка и силната Германија во фазата по групи.

Исто така пулените на Данило Брестовац сигурно немаат да играат во норвешкиот град Трондхајм поради резервираните места кои се за Норвешка и Германија а се во истиот барабан со нашата селекција. Првото место на Македонија и даде двоен бенифит. Првиот е избегнување на ракометните веле сили а втората е патот кој треба да го направат ракометарите и навивачите до Трондхајм.

Во ждрепката која е закажан за 28 јуни во Виена, Македонија може да се најде во групата А која се игра во Грац заедно со Хрватска, со домаќинот Австрија кој мечевите ќе ги играт во главниот град и шведските градови Малме и Гетеборг каде домаќините ќе бидат Шведска односно Данска.

Идеална опција е за нашата селекција и навивачи е групата во Виена со домаќинот Австрија но и Грац не е лош епилог. Шведска ќе биде проблем исто како и Норвешка.

Шешир 1: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка

Шешир 2: Македонија, Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија, Белорусија

Шешир 3: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Латвија

Шешир 4: Полска, Русија, Србија, Украина, БиХ, Холандија

Распоред:

Група А (Грац)

1.Хрватска

2.

3.

4.

Група Б (Виена)

1.

2.

3.Австрија

4.

Група Ц (Трондхајм)

1.

2.Норвешка

3.

4.

Група Д (Трондхајм)

1.

2.Германија

3.

4.

Група Е (Малме)

1.Данска

2.

3.

4.

Група Ф (Гетоборг)

1.Шведска

2.

3.

4.

OhridNews