Македонската фудбалска репрезентација на Словенија во втората рунда од квалификациите за Европското првенство 2020 година ќе и се спротистави без услугите на Ферхан Хасани.

Поранешниот фудбалер на Шкендија поради повреда го напушти мечот во 23-та минута и на негово место влезе Елиф Елмас. Деталните прегледи покажаа оштетување на мускулните влакна и поради тоа нема да биде во можност да и помогне на репрезентацијата.

Селекторот Игор Ангеловски не повика замена за Хасани.

Македонија мечот со Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљани го игра в недела со почеток 20 часот и 45 минути.

OhridNews