Македонската фудбалска репрезентација во рамките од осмата рунда во квалификациите за пласман на ЕП силите ќе ги одмери со селекцијата на Полска во Варшава. „Црвено жолтите“, максимално се подготвуваат и најавуваат борба а не бело знаме и помирување со пораз.
- Не е важно против кого играме, туку за што играме. Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме. – изјави селекторот Игор Ангеловски.
Селекторот ќе има одредени проблеми за склопување на екипата која ќе истрча на мегдан со полската репрезентација. Поради повреда отпаднаа Иван Тричкоски и Аријан Адеми а после одлежување на суспензијата од еден натпревар поради жолти картони во селекцијата се враќа Егзон Бејтулаји.
Полска со 16 бодови е водечка селекцијата на табелата во групата Г, додека нашата репрезентација е третоппласирана со 11 бодови. Во осмата рунда покрај оваа средба ќе се одиграат Словенија – Австрија и Израел – Летонија.
Мечот се игра во 20 часот и 45 минути.
OhridNews