Македонската ракометна репрезентација в недела против Чешка на домашен терен го играат најважниот натпревар во квалификациите за Европското првенство во Полска.


Значењето на натпреварот ќе си го направи своето и недоволно опоравениот Кирил Лазаров на теренот ќе истрча на теренот.

– Со сигурност Лазаров ќе биде во првиот состав и ќе настапи на натпреварот со Чешка. Ова е последен натпревар сезонава. Тој ќе стисне заби и ќе го даде максимумот. – рече селекторот Ивица Обрван.

Со помошта од капитенот при изведувањето на пеналите Македонија ја совлада Швајцарија во претпоследниот квалификациски натпревар за ЕП.

– По подолго време тренирав, но болката откако за загреав се намали. Ако треба ќе играм повреден бидејќи ова е последен натпревар и нема што да се загуби. Ќе бидам многу среќен ако моите соиграчи одработат добар натпревар како против Швајцарија и моја помош да стигнат до победата. – потенцираше Лазаров.

Тој се осврна и на првиот натпревар, кој заврши без победник иако во составот чесите ги немаа Филип Јиха и Хорак.

– Чесите нема дојдат со бело знаме. И за нив ова е меч да се биде или не. Ситуацијата во двете селекции е иста, тие а и ние имаме проблем со повреди и отсуства. Треба да бидиме внимателни бидејќи во првиот меч имавме негатива од 7-8 голови разлика и да не ги повториме грешките. – заврши капитенот.

На македонската и одговара било каква победа, а мечот се игра в недела во спортската арена „Борис Трајковски“.

Ohridnews