Репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство се најде со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург група која навидум по имињата е лесна.
Противниците на Македонија со исклучок на Луксембург се квалитетни, а единствено Шпанија е атрактивен противник, кој без двоумење до последното место ќе ја наполни Арената „Филип Втори“.
Украина, Словачка и Белорусија се селекции кои немаат атрактивни имиња во составот, но се доста поквалитетни од нас особено украинците и словаците, а блага предност имаат и белорусите.
Последниот двомеч со селекцијата на Словачка беше пред три години во квалификациите за Европското првенство во Украина и Полска, кога Македонија претрпе пораз на двата натпревари.
Во поново време „рисовите“ се немаат сретнато со Украина и Белорусија, со Луксембург, кој беше извлечен од последниот барабан Македонија треба и мора да прокнижи сигурни шест бодови, а натпреварите со Шпанија ќе бидат вистинско уживање за сите бидејќи на „Филип Втори“ ќе допатува апсолутниот владетел во фудбалскиот свет.
Мх.П.