Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот не успех во подготвителниот период за Европското првенство следната година претрпувајќи тесен пораз од Кувајт со 23-22 (14-13) на тест средбата во Србија.

Селекцијата на Кувајт со минималната победа ги расчисти сметките со Македонија, која со 27-24 славеше во првиот натпревар кој исто така се одигра кај нашиот северен сосед.

Жарот на борбата и развојот на настаните на теренот биле далеку од натпревар со предзнак подготвителен. Селекторот на Македонија, Данило Брестовац информираше дека благодарание на ладната глава од лицата на клупата не избувнал поголем инцидент, а настрадале тројца македонски ракометари кои се пожалиле на повреди.

Македонија после двете одиграни средби со Кувајт се сели во Букурешт, каде во сабота ја очекува пријателската средба со Алжир во рамките на „Трофеј Карпати“. Тоа е турнир со Ф4 формат, а вториот дуел е меѓу домашната Романија и селекцијата на Холандија која е учесник на ЕП 2020.

Континенталниот собир во Австрија, Норвешка и Данска се игра следниот месец.

OhridNews