Германката Надин Краус ја предводи листата на стрелци по првото коло од Европското првенство.

Краус 11 пати ја тресеше мрежата на македонската репрезентација.

Од втората до петтата позиција се три ракометарки кои постигнаа по девет погодици. Групата ја предводи србинката Андреа Лекиќ ,потоа следува украинката Олга Николаенко како и португалката Александрина Барбоса.

Јулија Портјанко го предводи триото со постигнати осум гола. Покрај Портјанко по осум гола постигнаа Катрин Енгел од Австрија и Ана Мириам Соуса од Португалија.

Ohridnews