Фудбалската репрезентација на Косово против Македонија во Лигата на Нации ќе ја бара шансата за пласман на Европското првенство откако шансите преку квалификациите ги изгубија после поразот од Чешка 2-1. Чесите и се придружија на Англија која како првопласирана од групата А патува на континенталниот собир.

Селекцијата на Косово имаше водство на натпреварот на „Плзен Арената“ но не успеа да го задржи и да го направи клучниот чекор кон ЕП. Чесите со пресврт победија и го заверија билетот за ЕП.

Англија лидерското место го завери со убедлив триумф над Црна Гора од 7-0. „Гордиот албион“ дебаклот на Црна Гора го најави во првиот дел во кој постигнаа пет голови. Хари Кејн постигна три погодоци, по еднаш мрежата ја погодија Маркус Рашфорд, Алекс Окслејд Чемберлејн, Таби Абрахам и Александар Софранац кој си постигна авто гол.

Во групата Б во последната рунда ќе се одлучува помеѓу Португалија и Црна Гора додека Франција и Турција патуваат на ЕП од групата Х.

Резултати:

Група А: Англија – Црна Гора 7-0, Чешка – Косово 2-1

Табела: Англија 18, Чешка 15, Косово 11, Бугарија 3, Црна Гора 3

 

Група Б: Португалија – Литванија 6-0, Србија – Луксембург 3-2

Табела: Украина 19, Португалија 14, Србија 13, Луксембург 4, Литванија 1

 

Група Х: Турција – Исланд 0-0, Франција – Молдавија 2-1, Албанија – Андора 2-2

Табела: Франција 22, Турција 20, Исланд 16, Албанија 13, Андора 4, Молдавија 3

OhridNews