Светскиот првак Франција во поход на европската круна тргна со победа, совладувајќи ја Германија со минимални 1-0 (1-0), во супер дербито од групата на смртта каде се наоѓаат уште Португалија и Унгарија.

Покрај големите ѕвезди на „Алијанц арената“ во Минхен, победникот го одлучи комичен авто гол, кој во својата мрежа си го постигна Мет Хумелс. Дефанзивецот несмасно реагираше после центаршутот на Хернадез и топката заврши позади голманот Мануел Нојер.

Во првиот меч од групата на смртта, Португалија со 3-0 ја совлада Унгарија.

OhridNews