Вoзбудувањата на натпреварите на ЕП во фудбал вечерва продолжуваат со мечевите во групата на смртта.

Во првиот натпревар (18.00) трколорите го пречекуваат на хартија аутсајдерот во оваа група Романија. Романците кои сите ги отпишаа, на ова натпреврување нема што да загубат па без додатен психиолошки пртисок влегуваат во мечот. Се уште енигма е составот со кој ќе истрча францускиот селектор Рајмонд Доменек на стадионот во Цирих. Неизвесен е настапот на Патрик Виера, додека прашање е дали ќе е фит Тиери Анри.

Дербито на денот се игра во Берн, каде светскиот првак Италија ќе игра против Холандија. На клупите на двете селекции ќе се најдат двајцата добри пријатели до златните денови на Милан, Роберто Донади и Марко Ван Бастен. Донадони пред самиот старт на шампионатот го загуби капитенот Фабио Канаваро, па едниственото прашање во 4-4-2 формацијата е кој ќе го замени незаменливиот. Проблеми со својот состав има и стрелецот на незборавниот гол во финалето 1988 против Русија, сега селектор Марко Ван Бастен. Надвор од стројот се Арјен Робен и Рајан Бабел.

ohridnews