Русија и Шведска во диреткна пресметка вечерва (20.45 ч.) во Инсбурк ќе решат која селекција ќе биде последниот патник во четврт-финалето на ЕП-2008.

Русија мора да оди на победа, додека на Шведска доволно и’ е реми да опстане на второто место во групата Д.

Шпанија и Грција со резервните состави ќе го одиграат својот последен меч во групата Д, во Салцбург. Шпанија е сигурно прва во групата, а Грција ќе остане „фенерџија“.

Во 1/4 финалето во Сабота Холандија ќе игра против Шведска или Русија.

Во 1/4 финалето во Недела Шпанија ќе игра против Италија.

ohridnews