19.50 Репрезентацијата на Австрија ја совлада Чешка 32:29 на  отворањето на  натпреварите во Б групата на Европското првенство во ракомет за мажи што се игра во Австрија, Шведска и Норвешка, а во која игра и нашата репрезентација.

На полувреме во “Штадхале” во Виена, во израмнет натпревар Чешка имаше минимална предност 14:13, но домаќинот во вториот дел направи пресврт и ги освои првите бодови на шампионатот.

Во рамки на Б групата во истата арена од 20:30 часот, Македонија се среќава со Украина.

Г. М.