Ракометарите на Охрид, Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески се најдоа на списокот од селекторот Данило Брестовац за претстојното Светско првенство во кадетска конкуренција кое ќе се одржи во Скопје следниот месец.

Подготовките за континенталниот собир ќе започнат за пет дена во Струга, потоа ќе продолжат во Маврово и ќе финишираат во Скопје.

Повикот во македонската селекеција е награда за Ивановски и Димитриески кои заедно со останатите ракометари од Охрид стигнаа до вицешампионската титула во младинска конкуренција.

OhridNews