По Агим Ибраими и фудбалерот за врска, Мухамед Демири ќе го пропушти квалификацискиот натпревар со Украина во Лвов.

Демири на мечот со Луксембург имаше страотен судар со дефанзивецот Даниел Мојсов, по кој двајцата репрезентативци завршија со расекотини на лицето и главата.

На местото од повредените Ибраими и Демири во селекцијата повикани се Ацо Стојков и Горан Силјановски кои настапуваат во Работнички.

Мх.П.