Селекцијата на Хрватска се закити со бронзениот медал на Европското првенство во Данска, совладувајќи го домаќинот во малото финале, со 25-19 (11-11).

Одлуката за победникот во натпреварот за третото место падна во финишот, откако двете селекции на одмор заминаа со 11-11, а, со изедначена игра продолжија и во второто полувреме. Хрватките при резултат 18-18 направија серија од 7-0 и се одлепија на 25-18. Данските ракометарки не се созедоа од шокот и до крајот успеаја само да постигнат еден погодок.

Хрватска со медал ја круниса европската бајка, затоа што прв пат женската селекција учествуваше во елиминациската фаза и пред време беше оптишана од било каков позитивен резултат.

Во мечот за златниот медал ќе се борат Норвешка и Франција. Финалето ќе започне во 18 часот.

OhridNews