Светскиот вицешампион Хрватска го претрпе првиот пораз во евро-квалификациите, откако изгуби на гостувањето во Унгарија од истоимената селекција со 2-1.
„Коцкастите“ добро го отворија мечот и поведоа со погодокот на Анте Ребиќ во 13-та минута. На унгарците им беа потребни 20-тина минути да се консолидираат и да го возвратат ударот. Бројките на семафорот ги изедначи Адем Салаи. Домаќините во 79-та со голот на Мате Паткаи стигнаа до водство и до крајот на натпреварот не го испуштија.
Хрватската во првата рунда потешко од очекувањата ја совлада селекцијата на Азебејџан на домашен терен и овој пораз не ја изненади премногу хрватска јавност.
OhridNews