Селекциите на Хрватска и Шпанија со три победи во исто толку натпревари патуваат во главната фаза од Европското првенство, додека Црна Гора извиси откако изгуби во одлучувачкиот дуел со Белорусија 27-36.
„Коцкастите“ за „три од три“ ја совладаа Србија со 24-21, а бранителот на трофејот на ЕП Шпанија славеше против Холандија со 36-25.
Во натпреварот да се биде или не, Белорусија со 36-27 ја „преслуша“ Црна Гора и ѝ се придружи на Хрватска во следната фаза.
Резултати:
Група А:
Црна Гора – Белорусија 27-36
Србија – Хрватска 21-24
Табела: Хрватска 6, Белорусија 4, Црна Гора 2, Србија 0
Група Ц:
Летонија – Германија 27-28
Холандија – Шпанија 25-36
Табела: Шпанија 6, Германија 4, Холандија 2, Летонија 0
Група Е:
Исланд – Русија 34-23
Данска – Унгарија 24-24
Табела: Исланд 4, Унгарија 3, Данска 1, Русија 0
OhridNews