Најдобриот фудбалер моментално во Македонија, Агим Ибраими поради пневмонија ќе го пропушти мечот со Словачка сабота на „Филип Втори“.
Ибраими, за словенските медиуму изјави дека не се чуствува добро и дека после мечот со Челси на кој постигна погодок веднаш заминал кај доктор.
– Треба да мирувам десет дена и за жал ќе го пропуштам натпреварот со Словачка во квалификациите за Европското првенство – рече Ибраими за „Македонски спорт“.
Фудбалерот на Марибор втор натпревар во низа не е дел од селекцијата после оној во Украина, кој „рисовите“ го изгубија со минимални 1-0.
Мх.П.