Франција и Италија ќе играат вечерва во Цирих но со мислите ќе бидат во Берн на дуелот помеѓу Романија и Холандија.

Финалистите од последниот Мундијал ќе бркаат победа, но ќе очекуваат и Романија да не слави против Холандија.

Италија ќе мора да ја победи Франција, но ќе очекува и пораз или реми на Романија.

И Франција има шанси за влез во четврт-финалето. „Галските петли“ беа најнеубедливи во првите две кола, а креаторот на играта Франк Рибери вели дека во тимот недостасува играч од калибарот на Зидан.

Сепак меч топката е во нозете на Романците кои сами решаваат за својата судбина на ЕП. Со победа Романија ќе биде вториот патник во оваа група.

Табела

Холандија 2 7-1 6
2 Романија 2 1-1 2
3 Италија 2 1-4 1
4 Франција 2 1-4 1

М.П.