Според новото правило на УЕФА, ако две екипи на голем турнир играат меѓусебе во последниот меч од групата и дуелот заврши без победник, (притоа трет тим не е вмешан во ситуацијата), и ако имаат ист број на бодови, гол разлика и број на постигнати голови, пеналите се тие што решаваат


Чешка и Турција во меѓусебен дуел, во третото коло од А групата, ќе одлучуваат кој ќе игра  во нокаут фазата. По првите две кола двете репрезентации имаат по три бода и иста гол разлика од 2-3, па доколку во меѓусебниот дуел одиграат без победник, ќе мора да се изведуваат пенали. Тоа би било прв пат во историјата на едно големо натпреварување во фазата по групи да се шутираат пенали за елиминација.

Од денеска па натаму, нема да се игра во терминот од 18 часот, туку сите средби од третото коло во фазата по групи и елиминациите ќе почнуваат во 20,45 ч. За да се избегне „местење“ на резултати, мечевите ќе се играат истовремено.

Победникот од овај меч во 1/4 финалетo ќе игра против Хрватска.

Само фромалнот е вториот натпревар од оваа група помеѓу Португалија и Швајцарија.

Швајцарија загуби во првите две кола, а по поразот од Турција во второто коло нема ни теоретски шанси за влез меѓу осумте најдобри.

Средбата може да му послужи на португалскиот селектор Сколари да одмори дел од своите најдобри играчи кои ќе му требаат во топ форма за тешкото четвртфинале најверојатно против Германците за кои Сколари велеше дека тактички се одлично потковани.

М.П