“Кога велам гол – мислам Виља“ – рече пред мечот селекторот на црвената фурија Луис Арагоњес.
Токму Виља им донесе 1/4 финале на шпанците, со погодокот за 2-1 во втората минута од продолжението на мечот со Шведска.
Претходно Торес ги доведе шпанците во предност, а со вториот гол на ЕП Ибрахимович “викинизите“ израмнаа на 1-1. Конечните 2-1. со четвртиот погодок на ЕП ги постави најдобриот стрелец, Давид Виља.
Наредно коло
Шпанија – Грција
Шведска – Русија
Табела :
1 | Шпанија | 2 | 6-2 | 6 |
2 | Шведска | 2 | 3-3 | 3 |
3 | Русија | 2 | 2-4 | 3 |
4 | Грција | 2 | 0-3 | 0 |