Австриската пиварница „Отакрингер“, која е сместена во престолнината Виена, на уникатен начин реши да ги награди фудбалерите што ќе постигнат гол за Австрија на ЕП, кое се одржува во оваа земја, како и во Швајцарија. Стрелците на головите за Австријците од „Отакрингер“ ќе добијат бесплатна достава на пиво до крајот на нивните животи.
– Се надевам дека ова ќе биде одличен мотив за нашите фудбалери за да изборат поволен резултат на претстојните натпревари со Полска и со Германија – изјави Сиги Менц, газдата на „Отакрингер“.
Австрија во 1. коло несреќно загуби со 0-1 во дуелот со Хрватска.
Најдобриот шпански тенеисер и четворократен победник на Роланд Гарос, Рафаел Надал, убеден е дека Шпанија ќе стане европски првак.
– Екипата изгледа одлично. Тие имаат голема шанса да го освојат еврото, дуи би рекол дека се поголеми фаворити од мене на Вимболдон -изјавил за BBC Надал.