Охриѓани екипите на Торус и Поп Спорт, ќе ги пречекаат во Струга во салата Нико Нестор. Според тренерот Лазовски, ваквата ротација нема да му наштети на тимот.
– Ритамот играчки нема да се наруши, но поместување ќе има во ритамот на тренинзите. Без разлика дали тоа ќе биде школска сала или ќе одиме во Струга, ќе тренираме попладне, а утринските тренинзи ќе ги замениме со вежби за снага, вели Лазовски.
Утре охриѓани од 18 часот го пречекуваат фенерџијата Вардар, додека во сабота на гости доаѓа МЗТ Фон,тимот кој минатата сезона го елиминираше Амак Сп во 1/4 финалето од плејофот. Натпреварите утре и в сабота практично ќе бидат последните пред домашна публика, оваа година.
Поставувањето на подлогата за ЕП во ракомет ќе започне во среда 26. ноември .