Македонската фудбалска репрезентација во ноемврискиот термин за квалификации за Европското првенство во Франција ќе одигра еден натпревар и тоа против Словачка на „Филип Втори“.
Селекторот на репрезентацијата Бошко Ѓуровски за дуелот со словаците ги врати дефанзивецот Даниел Георгиевски и Давид Бабунски.
македонија по три натпревари има три бодови додека словачките фудбалери со девет бодови во исто толку мечеви се на првата позиција.
Списокот на селекторот Ѓуровски :
Голмани: Томе Пачовски и Мартин Богатинов
Одбрана: Стефан Ристовски, Даниел Георгиевски, Даниел Мојсов, Ванче Шиков, Александар Дамчевски, Езѓан Алиоски
Среден ред: Аријан Адеми, Никола Глигоров, Мухамед Демири, Александар Трајковски, Давид Бабунски, Ацо Стојков
Напад: Адис Јаховиќ, Јован Костовски,, Бесарт Абдурахими, Агим Ибраими, Крсте Велковски, Мирко Ивановски.
Ohridnews