Вицепрвакот од последниот мундијал Франција ја совлада селекцијата на Шведска со 24-17. Со оваа победа “триколорките“ ја освоија првата позиција во групата Б и го отворија полесниот пат на Македонија за пласман во наредната фаза од ЕП.
На избраничките на селекторот Гино Стрезовски потребна им е било каква победа над Данска за освојување на третата позиција која носи уште три натпревари на ЕП.
Во составот на француската селекција двете ракометарки Сигнате и Менди имаа по четири погодоци додека трите ракометарки Баудоин, Гнабоју и Дансате имаа учинок од три голови. Со пет голови во шведскиот состав најпрецизна беше Тортерсон.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com