Актуелниот светски првак селекцијата на Франција е главен кандидат за освојување на титулата на Европското првенство, кое ќе започне денеска и ќе трае до 11 јули.
„Триколорите“ според сите параметри се фаворити, бидејќи се најквалитетни кога се однесува во играчкиот кадар и предзнакот светски првак игра голема улога.
Втор фаворит светските букмејкери го сместија англискиот состав, потоа следуваат Белгија, Германија, Шпанија и Португалија. На седмото место се наоѓа Италија, пред Холандија и Хрватска.
Македонската фудбалска репрезентација која ќе дебитира на ЕП е во последниот круг заедно со уште еден дебитант Финска и Унгарија, која се наоѓа во групата на смртта.
Бранител на трофејот е Португалија, која во 2016 година после дополнителни 30 минути со минимални 1-0 ја совлада Франција.
Што се однесува до голгетерите, фаворити за „златната копачка“ се Хари Кејн и Ромелу Лукаку. Потоа следуваат Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
OhridNews