Селекциите на Франција и Норвешка, ќе се борат за златниот медал во финалето на Европското првенство, кое се одржува во Данска.
Французинките во полуфиналниот дуел го совладаа хитот на првенството Хрватска, со убедливи 30-19, додека Норвешка, со пресврт во вториот дел ја доби скандинавската пресметка со Данска, со 27-24.
Финалната разврска на континенталниот собир во Данска на програмата е в недела. Во 15 часот и 30 минути, Данска и Хрватска ќе се сретнат во малото финале, а, во големото Франција и Норвешка ќе се судрат во 18 часот.
OhridNews