Жалбата која ја поднесе македонската кошаркарска селекција после завршување на мечот со Црна Гора е одбиена од Техничката организација при ФИБА.
Во последните секунди од мечот со црногорците Македонија беше драстично оштетана бидејќи не и беа доделени поени со кои ќе ја забележеше првата победа на Евробаскетот.
Во писмото кое стигна од ФИБА до Македонската кошаркарска федереција стои : Техничкиот комитет на Првенството ја одби жалбата на МКФ за натпреварот против Црна Гора, со образложение дека според Регулациите на ФИБА Европа, снимка не може да се прегледува за да се промени конечен резултат на еден натпревар. Со тоа, судиската одлука е валидна и натпреварот се регистрира со победа на Црна Гора од 81-80.
И официјално Македонија континенталниот собир во Словенија го започна со пораз од Црна Гора, што потсетува на евро-шампионатот од пред две години кога исто вака момците на Марин Докузовски претрпеа пораз па ги освоија симпатиите на цела Европа.
Мх.П.