Репрезентацијата на Украина се одлепи на врвот од табелата во групата Б победувајќи ја Србија со високи 5-0 пред своите гледачи во третата рунда од квалификациите за ЕП следната година.
Украинците во 26-та и 28-та преку Виктор Циганков им зададоа два тешки удари на Србија која не успеа да се опорави до крајот на мечот. На стартот од второто полувреме Евгениј Конопљанка погоди за 3-0, а на 4-0 зголеми Роман Јаремчук. Конечните 5-0 ги постави Конопљанка во 75-та минута.
Поразот од Украина ја закова Србија на дното од табелата, додека украинците наговестија битка со Португалија за првата позиција на табелата.
Резултати:
Група А: Чешка – Бугарија 2-1, Црна Гора – Косово 1-1
Табела: Англија 6, Чешка 3, Косово 2, Бугарија 2, Црна Гора 2
Група Б: Литванија – Луксембруг 1-1, Украина – Србија 5-0
Табела: Украина 7, Луксембруг 4, Португалија 2, Литванија 1, Србија 1
Група Д: Грузија – Гибралтар 3-0, Данска – Ирска 1-1
Табела: Ирска 7, Швајцарија 4, Грузија 3, Данска 2, Гибралтар 0
Резултати: Австрија – Словенија 1-0, Македонија – Полска 0-1, Латвија – Израел 0-3
Табела: Полска 9, Израел 7, Македонија 4, Австрија 3, Словенија 2, Латвија 0
OhridNews