Македонската ракометна репрезентација ќе добие уште поголема поддршка од „црвено жолтата“ фаланга на вечерашниот меч (20:30ч) со Чешка кој „воините“ на Раул Гонзалес мора да го добијат за исполнување на сонот односно пласман помеѓу најдобрите четири во Европа.

Во Вараждин пристигнаа навивачи од цела Македонија, а хрватите се покажаа добри домаќините и обезбедија одлични услови за сите кои се тука да ја бодрат Македонија.

Позитивна атмосфера има помеѓу навивачите, а полека се екипира фалангата на трибините која ќе биде осмиот играч на „црвено жолтите“ во мечот да се биде или не.

Натпреварот започнува во 20 часот и 30 минути.

Од Вараждин, Горан Момироски