Македонската ракометна репрезентација в недела во 13:30 часот во Злин против Чешка ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за континенталниот собир во Полска.
Селекторот на „црвено жолтите“ за дуелот со чесите ги повика пивотменот Ванчо Димовски и голманот Никола Митревски.
Од составот отпаднаа чуварот на мрежата на Вардар, Петар Ангелов и младите Марко Нелоски и Филип Талески.
Во првиот натпревар Македонија забележа победа над Швајцарија додека чесите доживеаја тежок пораз од Франција.
Мх.п.