Фудбалерот на мадридски Реал, Карим Бензема и официјално се врати во француската селекција, откако селекторот Дидиер Дешамп го вклучи во составот за претстојното Европско првенство.
Бензема помеѓу „триколорите“ се враќа после пауза од шест години. Напаѓачот на „кралевите“ отстранет од селекцијата беше после скандалот со уценување на Метју Валбуена. Дешамп години наназад не го повикуваше Бензема, но после разговор со француските легенди и стручњаци попушти и го смени ставот околу напаѓачот.
Списокот на 26 репрезентативци кои ќе бидат дел од француската селекција делува застрашувачки. Французите во нападот покрај Бензема го имаат Ентони Гризман, Килијан Мбапе, Осман Дембеле, а силно делуваат одбраната и средниот ред.
Франција која е актуелен Светски првак во групата на ЕП се наоѓа со актуелниот Европски шампион Португалија, Германија и Унгарија.
OhridNews