Денеска, на Европското првенство во фудбал започнуваат мечевите од втората рунда во фазата по групи.

Натпреварите ќе ги отворат селекциите на Финска и Русија, кои силите ќе ги одмерат во 15 часот. Двете репрезентации се дел од групата Б. Во првата рунда, Финска освои три бодови, победувајќи ја Данска со 1-0, додека Русија претрпе пораз од Белгија 3-0.

Термините во 18 и 21 часот се резервирани за А групата. Турција и Велс ќе ја бркаат првата победа на континенталниот собир, додека денешните мечеви ќе ги заокружат селекциите на Италија и Швајцарија. Единствено „азурите“ победија во првата рунда, а Велс и Швајцарија ремизираа 1-1. Турција е без бодови.

  • Двојки:

Група Б: Финска – Русија (15ч)

Група А: Турција – Велс (18ч), Италија – Швајцарија (21ч)

OhridNews