На Европското првенство во фудбал, денеска, ќе се комплетираат натпреварите од првата рунда во групната фаза.

На мегдан прв пат ќе излезат Портуалија предводена од Кристијано Роналдо, светскиот првак Франција и најтрофејната репрезентација Германија, заедно со Унгарија.

Возбудувања стартуваат во 18 часот со мечот Унгарија – Португалија, а во 21 часот на програмата е супер дербито помеѓу Франција и Германија.

Двојки:

Група Ф: Унгарија – Португалија (18ч), Франција – Германија (21ч)

OhridNews