Денес и утре, на континенталниот фудбалски собир ќе се одиграат полуфиналните натпревари. Стадион домаќин на финалните возбудувања ќе биде култниот англиски стадион „Вембли“.
Во првата полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Шпанија и Италија. „Црвената фурија“ од втор план покажа дека е опасна на ова ЕП, додека Италија заедно со Англија се фаворити за златниот медал. „Азурите“ играат ефикасен и напаѓачки фудбал и ќе биде вистински предизвик денешната средба со Шпанија.
Утре, на „Вембли“ ќе се судрат Англија – Данска.
- Двојки:
21 часот: Италија – Шпанија
OhridNews