Денеска, на Европското првенство во фудбал на програмата е последниот натпревар на Македонија во првото учество и финалната разврска во Б и Ц групите.
Во Б групата Белгија е сигурен патник во нокаут фазата, а за позицијата број два ќе се борат Русија, Финска и Данска. Русија и Финска се само на бод од второ место или пласман во елиминациска фаза, додека на Данска и треба победа против Русија и победа на Белгија против Финска.
Во групата Ц каде се наоѓа Македонија ситуацијата е кристално јасна. Холандија завршува прва во групата, Македонија нема шанси за ништо повеќе. Украина и Австрија во меѓусебен дуел одлучуваат за второто место на табелата. Дуелите се играат во 18 часот.
- Двојки:
Група Ц: Македонија – Холандија (18ч), Украина – Австрија (18ч)
Табела: Холандија 6, Украина 3, Австрија 3, Македонија 0
Група Б: Финска – Белгија (21ч), Русија – Данска (21ч)
Табела: Белгија 6, Русија 3, Финска 3, Данска 0
OhridNews