Со решавачките битки во А групата ќе стартуваат мечевите од третата рунда во фазата по групи на Европското првенство во фудбал.
На „Олимпико“ во Рим, Велс ќе ја предизвика перфектната Италија, додека на Олимпискиот стадион во Баку, Швајцарија и Турција мора да атакуваат на победа за останување во трката за третата позиција која може да значи пласман во нокаут фазата.
Двата натпревари се играат во 18 часот.
- Двојки:
Група А: Италија – Велс (18ч), Швајцарија – Турција (18ч)
Табела: Италија 6, Велс 4, Швајцарија 1, Турција 0
OhridNews